Кога станува збор за деловната облека молив здолништето е едно од есенцијалните модни парчиња. Тренд и модна тема на која постојно се навраќаме. Комбинациите со овој вид на здолниште се елегантни и женствени, во молив здолништето секогаш ќе изгледате дотерано и соодветно за канцеларија. Од мноштвото фотографии со познатите трендсетерки секогаш се навраќаме на изгледот на Оливиј Палермо облечена во бордо здолниште комбинирано со ролка во ист тон, впечатлив ѓердан и едноставни салонки, изглед може да се носи на работа со посмирени детали, но со соответна чанта и накит е прикладен за вечерен настан. Тоа е една од позитните страни на оав здолниште – може да се комбинира на различни начни и за повеќе пригоди. А тајната на современо комбинирање на молив здолништето за деловен изглед е во правилниот спој на бои, мешањето на модни додатоци кои се соодветни за канцеларија, правилното спарување со елегнатна кошула или мек џемпер, со добро скроено сако или со палто.
Нема коментари