Топ-моделот Ерин Васон е несекојдневна невеста во новата фотосесија на Free People. На фотографиите за мартовскиот lookbook, кои ги сними Гај Ароч, направен е полежерен слободоумен пристап во прикажување на една венчавка. Во улога на младоженецот се појавува Марк Вистрач. Васон носи урбани бели креации, кои се замена за класичните невестински фустани. Застапени се мини и макси фустани, кошули, џинс, кожени јакини и чизми.
Нема коментари