Дизајнерката Ена Зафировска повторно настапи на BAFE (Balkan Art Fashion Event) во Белград, алтернативна модна манифестација на креатори од регионот, овојпат со колекцијата Feedback. „Колекцијата е инспирирана од хортикултурата. Флората изобилува со живописни бои и форми кои ми послужија како инспирација за една егзотична и шарена приказна. Најзастапен материјал е поливинилот, кој е рециклиран и со тоа ѝ додава додатна вредност на колекцијата која е збогатена и со апстрактни принтови. Спој на вистинска женска естетика и допир од уметничко дело. Комбинациите се надополнети со чевли и модели на чанти со апстрактен принт“, вели дизајнерката која лани дипломира моден дизајн во Љубљана.(К.Т.)
Нема коментари