Ѕвездата на популарната серија „Игра на тронови“, Емилија Кларк, ја покажа својата модна страна во фотосесија за Vs. Magazine. Британската актерка, која ја толкува улогата на Калиси-препознатлива по белата боја на коса, во сесијата за магазинот направи мала паралела со ликот што ја популаризира. На неколку кадри е прикажано како во рака или в чанта носи бела перика. На фотографиите што ги сними Гај Ароч, актерката се појавува во креации од брендови како „Родарте“, „Ланвин“ и „Ентони Вакарело“. Кадрите се снимени на повеќе локации, сред градски метеж, покрај шини, автомобил, детско игралиште…
Нема коментари