Ја знаеме како кралицата Деенерис во серијата „Игра на тронови“, но во приватниот живот Емилија Кларк е новата холивудска принцеза која во моментов почнува да го промовира последното продолжение на „Терминатор“ со Арнолд Шварценегер. Кларк се појавува како жена воинка на насловната странциа на Harper’s Bazaar US во двобројот за јуни/јули, облечена во црвен фустан од Александар Меквин , како и во внатрешниот едиторијал каде што носи креации од есенските колекции на „Блумарин“, Проенза Скулер, „Валентино“, Александар Ванг… Фотографиите ги направи Норман Џин Рој.
Нема коментари