Ема Вотсон изгедаше бајковито, но модерно во сребрен фустан на Емилија Викстед на лондонската премиера на „Убавицата и ѕверот“. Актерката ја глуми Бел во новата верзија на „Дизни“, па како секоја Дизниева принцеза Вотсон одбра бајковита тоалета, долга, со спуштени рамена, и со долг шлеп. Но, креацијата на Викстед во исто време изгледа современо поради минималистичкиот крој и неоптовареност со детали, како и со ткаенината која е повеќе хајтек отколку романтична и лелеава како за принцеза од бајките. Ема изгледот го надопни со сребрени сандали, фатена коса со плетенки и природна шминка.
Фустанот што го носеше Вотсон е направен по мерка и е комплетно самоодржлив. Актерката се обврза дека за време на промотивната турнеја на филмот ќе носи само еколошки оправдани и произведени креации. Конкретно овој фустан е направен од остатоци од ткаенини кои остануваат неупотребени и обично се уништуваат. Еве како самата актерка го објаснува концептот на специјалниот Инстаграм што таа го отвори за да промовира еко-мода.
Нема коментари