Актерките периодов го промовираат својот заеднички филм „Ное“ и скоро на секоја премиера по светските метрополи одушевуваат со модниот стајлинг, така беше и вчера во Лондон – Ема Вотсон изгледаше младешки секси, а Џенифер Конели готик-етерична во потемен фустан.
На црвениот килим, односно океански килим, располслан пред киното „Одеон“ на Лестер Сквер, британската актерка Вотсон се појави во бел фустан од Ралф Лорен со гол грб и халтер-израз, комбиниран со модернистички накит и чевли од Џими Чу.
Џенифер Конели се одлучи за готски стил и носеше креација на Сара Бартон за „Александар Меквин“ – долга тоалета со здолниште од пердуви и горен дел украсен со цветни апликации, како и накит од Boucheron и од Џесика Мекормак.
Stylist.mk веќе неколку пати пишување за изгледот на Џенифер и Ема на премиерите на „Ное“.
Нема коментари