Британската актерка Ема Вотсон се појави на насловната страница на септемврискиот број на Vogue UK, облечена во модел од Стела Макартни и фотографирана од Џош Олинс. Младата Вотсон британското издание ја нарече гласот на генерацијата поради нејзината ангажираност како амбасадор на добра волја на ОН, и сега веќе легендарниот говор од кој произлезе кампањата #HeForShe за родова еднаквост. Дел од одговорноста 25-годишната актерка ја насочи кон мажите сметајќи дека половата еднаквост е нивен проблем исто така.
Нема коментари