Британската поп-пејачка Ели Гулдинг покрај својата прва колекција облека Star Collection, во соработка со водечката европска продавница за чевли Deichmann дизајнира и чевли. Обувките со потпис на Гулдинг ќе бидат пуштени во продажба на 15 март.
-За мене чевлите се рефлексија на моменталното расположение. Со креирање на сопствена линија имам можност да го изразам својот стил. Колекцијата содржи чевли за секоја пригода, бидејќи често не можам да се одлучам дали преферирам потпетици или рамни чевли, често менувам мислење-вели таа.
Во колекцијата Ellie Goulding for DEICHMANN се застапени: патики, етно-сандали, модел со висока потпетица, сандали со полна пета, еспадрили и mule-кломпи. Тие се ишарани со принт, колани, металик сјај и рокерски призвук, со што отскокнуваат од другите сезонски колекции.
Неодамана беше снимена и кампања наречена Rock your look, каде како модел се јавува самата Ели, фотографиите ги сними Луи Бенкс, а за стајлинот беше задолжена Шер Култер.
Нема коментари