Петнаесетина уникатни елки, дизајнирани од македонските креатори и модни новинари од вечерва до крајот на месецот ќе го красат еден од влезовите на скопскиот трговскиот центар „Сити мол“. Во празнично и ведро расположение помина китењето на елките. Пред случајните минувачи креативно се изразија Олгица Ѓоргиева, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Спасовска, Катерина Микрут, Лили Кадинска, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, „Елена Лука“, Стефанија Насеска, EVEE на Ивана Цветковска, тимот на Stylefiles.mk, Милена Танаскоска (моден новинар во Unique), екипата на Моден викенд – Скопје и други. Меѓу учесниците беше и тимот на Stylist.mk. Во галеријата можете да ги погледнете елките што ги осмислија модните имиња, како и процесот на создавањето на елката на Stylist.mk, која е инспирирана од силуетата на девојката-заштитен знак за нашиот сајт.
Посетителите ги проследија севкупниот процес на декорирање на уникатни новогодишни елки. „Дизајнерска магија на новогодишни елки“ ќе можете да се погледне во текот на цел декември во ТЦ „Скопје Сити Мол“.
Нема коментари