Првата дама на државата, Елизабета Ѓоргиевска, се појави во елегантна црно-бела креација на дизајнерката Тања Кокев, за време на отворањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Таа го придружуваше сопругот, претседателот Стево Пендаровски, кој е и покровител на овој фестивал.
Госпоѓата Ѓоргиевска изгледаше ненаметливо, но сепак впечатливо, во комплетот од долго црно здолниште и бела кошула. Таа е професионално успешна и сега како прва дама на државата доста е активна. Во однос на појавата таа секогаш изгледа елегантно и облечена со многу вкус, а за поздравување е што избрала македонски дизајн.
Нема коментари