„Еликсир“ со етаблираниот уметник во шминкањето Виктор Мирчевски подготвија 10 видеа за шминка, во акцент е ставен на декоративната козметика од врвните брендови Yves Saint Laurent, Lancôme и Max Factor. Следејки ги најновите светски трендови видеата содржат едноставни упатства за разубавување наменети за дами од различни возрасти. Содржината на видеата е инспирирана од најчесто поставуваните прашања во врска со шминката. Повеќето модели не се професионалки и не е користена дополнителна доработка со што се прикажуваат реални ефекти од шминкањето.
-Создаваме трајни вредности за нашите клиенти. Освен тоа што за нив ги нудиме најновите производи на нашиот пазар, со овие видеа овозможуваме да добијат професионални совети што лесно можат да ги применат – изјави Андриела Краљевска, маркетинг менаџер на „Еликсир“.
Темите на кратките видео водичи опфаќаат: употреба на бои; скулптурирање; обликување веѓи, трепки и усни; трикови за врамување на очите; бронзен изглед постигнување длабок поглед; подмладување; природен изглед. Видеата содржат изобилство на трикови што го прават шминкањето поедноставно и совети за нега и хигиена.
-Шминката може да ве направи уште поубави. Пренесувам применливи совети што ќе ви го направат разубавувањето поедноставно и ќе помогнат сами да направите соодветен избор на производи што успешно ќе ги употребувате – изјави Виктор Мирчевски, професионален шминкер.
Нема коментари