Колекцијата на висока мода на Ели Саб за есен-зима 2021/22 е живописен и чуден пејзаж на повторното раѓање и обновување, каде што секоја тоалета е великодушно зашиена со семе на надеж, и каде секоја пупка е ветување за раст. Колекцијата е надежен потсетник за нова зора и вечна пролет – вака стои во соопштението за новата колекција на либанскиот дизајнер претставена во дигитален формат. Елеганцијата, женственоста и деликатноста препознатливи за дизајнерот, помешани со цветна инспирација и раскошен гламур, тоа е формула за серија на фустани кои ќе остават впечаток и доликуваат за црвен килим на секој свечен настан.
Нема коментари