После неверојатниот успех во Токио, нашиот топ модел Елена Трајановска не застанува, па деновиве ја покори и шпанската модна сцена. Во само една недела стана заштитно лице на два шпански и моќни бренда, за Cortefiel чија кампања ја сними во Мадрид, како и за популарниот Bershka за кој фотографирањето се случи во Барселона.
-Неверојатна и случајна беше и нашата средба во самиот центар на Барселона, каде Елена ме запозна со нејзината модна агенција одговорна за шпанскиот моден пазар – вели Алек Наумовски еден од менаџерите на нејзината матична модна агенција „Моделс ИН“. Во моментов Елена се подготвува за нов работен ангажман, единствено што не може да најде е слободно време за да си дозволи заслужен одмор.
Елена Трајановска за Bershka
Елена Трајановска за Cortefiel
Нема коментари