Македонската манекенкенка Елена Трајановкса која периодов работи и живее во Јапонија продолжува со нови успеси и сработени ангажмани. По едиторијалите во неколку азиски списанија, настапот на Токиската модна недела и насловната страница на познатото јапонско списание Spur, Алек Наумовски од нејзината матична модна агенција „Моделс ин“ нè информираше за новините.
-Иако полека но сигурно го завршува својот престој во Токио,нашиот топ модел Елена Трајановска повторно нè изненади со последните проекти каде изработи две насловни страници за списанијата Richesse и InRed Magazine, кампањата за Samsung S6, како и фантастичниот едиторијал за Chelien. Во чест на нејзиното заминување агенцијата во Токио и подготви на Елена несекојдневно изненадување со голема забава. Многу малку време ѝ oстанува за одмор, бидејќи веќе е букирана за следните работни ангажмани во кои се вклучени и Париз и Њујорк. Елена прерасна во неверојатен професионалец и модел кој успешно и со леснотија се носи со секој следен проект, со тоа дефинитивно нè прави неверојатно горди.
Нема коментари