Нашиот топ модел Елена Трајановска не престанува со нејзиниот моден поход во Токио каде што интензивно работи веќе три месеци. После многуте едиторијали, ревии и модни кампањи, во своето богато портфолио ги додаде насловната страница на престижното јапонско списание Spur, како и новата кампања за Elle Mariage. Во моментов исто така е презафатена со изработка на lookbook за европски дизајнер. „Од Елена се очекува уште многу работа, но со нејзините успеси само ни покажува дека е на правиот пат“, смета Алек Наумовки од „Моделс Ин“, нејзината матична модна агенција во Македонија. На меѓународно ниво за Елена се грижи престижната Women Management, како и сестринската Supreme.
По појавувањата на модните писти во Милано, Париз и Њујорк, Елена сега e aктивна на јапонската сцена, беше дел од модната недела во Токио, пред неколку месеци се појави во кинески Vogue, а неодамна и во едиторијал за Manifesto, моден магазин од Хонг Конг. (К. Т.)
Нема коментари