Македонската манекенка Елена Трајановска актуелна на светската модна сцена во моментов е во Њујорк каде што оди на кастинзи за ревии за претстојната Њујоршка модна недела, а според „Фејсбук“ статусот на Алек Наумовски од нејзината македонска матична агенција „Моделс Ин“, таа се појавува и во нова рекламна кампања чии детали наскоро ќе бидат објавени. Лани ова време настапи на неколку ревии на модната недела во Њујорк. Елена е дел од најпозната светска модна агенција Women, како и на сестринската агенција Supreme каде се води како Елена Реи, веројатно за полесен изговор на презимето и со тоа полесна препознатливост. Изминатиот период манекенката работеше во Јапонија, каде што сними повеќе реклами, едиторијали и насловни страници, како и во Шпанија каде што работеше за Bershka и Cortefiel. (К.Т.)
Нема коментари