Македонската манекенка Елена Трајановска, која сега работи под псевдонимот Елена Реи, покрај тоа што беше ексклузивен модел на последната ревија на Келвин Клајн одржана на Њујоршката модна недела, Vogue.com ја стави листата на модели на кои им предвидуваат блескава кариера. Во објавата на Vogue.com со која треба да се запознаеме со новите лица од ревијата на Келвин Клајн што ќе ја освојат модната индустрија, Елена е претставена како манекенка од Македонија која во изминативе четири години се појавила во неколку помали кампањи и lookbook-ови (еден токму за CK Calvin Klein, младешката линија на Келвин Клајн), но со појавувањето на ревијата, новата потемна коса и свежиот став, на пат е да го достигне врвот и да влезе во категоријата на најбарани модели.
-Неверојатно и прекрасно е чувството кога гледам како Елена Реи прерасна во успешен топ модел. Сепак тоа се должи на нејзината посветеност, истрајност и голема професионалност – вели Алек Наумовски од нејзината матична модна агенција „Моделс ин“. Надвор од Македонија ја застапува агенцијата Supreme, дел од големата Women Management, а Елена работи на модната недела во Милано.
Нема коментари