Под мотото „Погледни ја твојата убавина“ македонскиот моден бренд Bella ја претставува новата колекција за есен-зима 2017. Заштитни лица на кампањата се Елена Стојановска и Росана Јанков.
- Нашиот бренд за првокласна модна облека кој е посветен на изнаоѓање решенија за модните желби на современата жена, овој пат оди чекор подалеку – ги охрабрува дамите да уживаат во сопствената убавина. Секоја жена носи со себе уникатен шарм и убавина, негува сопствен имиџ и стил. Но, онашто е заедничкозасите е желбата за потполно задоволство од одразот во огледалото, одраз кој ќе ја истакне нивната елеганција, женственост и самодоверба. Затоа со нашата нова колекција сакаме да ги поттикнеме дамите да застанат гордо пред себе, да се насмевнат и со полна самодоверба да излезат пред светот-велат од Bella.
Со овој проект познатта ТВ и радио – водителка Елена Стојановска ја започнува соработката со брендот како заштитно лице.
-Горда сум што станав дел од овој тим кој отсекогаш сум го доживувала како најдобар пријател на современите жени кои зрачат со елеганција и самодоверба. Ова е само официјализирање на взаемната почит која одамна постои помеѓу мене и Bella. Навистина уживав во целиот процес на создавање на овој едиторијал за новата колекција која морам да признаам дека е прекрасна и на изглед и по чувството кое го дава секое парче облека кое го носев – изјави Елена.
Росана Јанков уште еднаш потврди дека е вистинскиот избор за заштитно лице на Bella, претставувајќи го секој модел во неговиот полн сјај .
-Ова е моето второ искуство како модел за едиторијал на Bella и не би можела да кажам ништо друго освен најголеми комплименти за креациите кои зрачат со стил кој е совршена синергија помеѓу квалитетот и грациозноста, нешто што според мене е заштитен знак на брендот-вели таа.
Моделите се изработени од квалитетни, пријатни материјали во бои кои се синоним за елеганција низ годините и покрај константно променливите трендови. Наменети се за свечени и деловни пригоди, но и за секој пат кога истакнувањето на уникатната убавина преку модерна и грациозна облека е приоритет. За шминката на Росана и Елена на фотосесијата се погрижи Зоран Шурбевски, а стајлинзите се комплетирани со накит од Tesoro и чевли од Nine West.
Нема коментари