Инспирирана од едно нереално општество, во кое спектаклот служи како комплексно оправдување дека лагата е всушност вистина, креаторката Елена Спасовска ја дизајнира новата колекција за сезоната пролет лето. Линијата „Спектакл 2014“ премиерно ќе биде преставена на претстојното издание на Модниот викенд-Скопје. Креаторката, која доаѓа од Куманово, јавува необичен перформанс во Скопје.
- Овој пат на ревијата покрај презентацијата на моделите ќе има танцов перфоманс. Преку него девојките од балетското студио „Ултра“, во кореографија на Александра Димитриевска, ќе ни раскажат приказна која почнува како кабаре, но на крајот завршува како циркус-вели Спасовска.
Во колекцијата прeовладува црната во комбинација со бојата на кожата. Провидните материјали даваат ефект на прозрачност, тантелата и ресите придонесуваат за текстурата, а owersize кројките за драматичност во изгледот.
-Колекцијата е составена од дерформирани парчиња облека кои носат идеја на урбано извртување и зголемени форми кои го истакнуваат постоечкиот спектакл во урбанистиката… Обично не внимавам на трендовите додека креирам колекција, но бидејќи како муза за секоја моја колекција ја земам урбаната жена, многу често некои трендови се јавуваат низ моите колекции.
За првпат нејзината колекција ќе биде поставена на продажба на сајтот на Елена, кој во моментот е уште во изградба, а сè уште нема одлучено за евентуално претставување на колекцијата на некој настан надвор од државата.
Спасовка со мали паузи редовно учествува на Модниот викенд-Скопје, а често се преставува и на интернационални избори и ревии, како фестивалот „Асембли”, кој се одржува во Грац, Австрија. Има дипломирано моден дизајн на Националната уметничка академија во Софија. По две години на Филолошкиот факултет, на кој учела француски и шпански јазик, се запишала на магистратура во Шпанија. Во супериорната школа за дизајн во Барселона освен магистерски степен, добила и искуство како стилист за неколку модни магазини, за модната ревија на „Антик Батик”, како и за концертот на Џулиет Луис. Во 2008 работела како стилист во шоу-румот на Хелена Хернандес како стилист за „Гес”, Томас Сабо и Ферли. Во Барселона почнала да го оформувам и својот бренд. Во почетокот колекцијата се продаваше во бутикот за млади дизајнери „Нанас” во познатиот монденски центар на Барселона – Грасија, а подоцна имаше и претставување во шоу-румот на Јулија Кап. Домашната публика подоброја запозна попромоцијата во некогашната концептуална продавница „Лудус”. во Скопје.
По магистратурата во Барселона, каде што освен проекти за стилизам на модни магазини работела и на создавање археотипи за ликови од телевизиски серии, креаторката била поканета да работи и на еден италијански театарски проект чија премиера беше во Музејот на современа уметност во Скопје. На овој проект за првпат соработувала со италијанскиот режисер Лука Кортина, а подоцна со него ја работеше и на претставата „Аквариум“ по текст на Рефет Абази во тетовскиот театар. Така почнале ангажманите на модната креаторка во театарски престави. Следеше соработката со режисерот од Приштина, Фадил Хисај, на претставата „Злобно око“ во тетовскиот театар и „ Духот на слободата “ во Кумановскиот театар.
-Во минатата година работев на неколку костимографски проекти, последен беше на театарската претстава „Живот под кирија“ за Албанскиот театар, чија предпремиера беше на „Охридско лето“, а премиера во октомври во Скопје-вели таа.
Нема коментари