Поп-пејачката Елена Ристеска е нов партнер на мултибренд концептот Fashion&Friends. Таа долги години е верен пријател на Fashion Group, а од сезонава е и официјален партнер на Fashion&Friends.
-Атрактивните брендови како Guess, Guess by Marciano, Replay, Maison Scotch, Desigual и Gaudi, одлично прилегаат на секогаш впечатливиот имиџ на Елена, без разлика дали се работи за настап или приватно-велат од брендот.
Во рамките на соработката помеѓу Елена и Fashion&Friends предвидени се повеќе заеднички проекти меѓу кои е и интересната фотосесија со избор од колекциите за пролет-лето 2014, потпишана од Дарко Мораитов. Елена е претставена во неколку различни изгледи во фотосесијата, почнувајќи од спортски и лежерни парчиња, преку разиграни, разнобојни комбинации, па сè до црно-бела елеганција. Во секој од нив таа изгледа во свој стил - заводливо и гламурозно.
Мултибренд концептот Fashion&Friends постои од октомври 2012 година, а од оваа сезона импресивната листа на брендови е дополнета со Diesel, Hugo Boss Orange и италијанскиот бренд за чевли Roberto Boticelli.
Нема коментари