Младата македонска манекенка Елена Реи, топ модел активна на светскиот моден пазар, веќе еден месец е дома, заокружувајќи ја успешната година помината во Сеул, и на работните патувања во Париз, Милано и Берлин. Сними повеќе фотосесии и кампањи за познати брендови, меѓу кои и за врвниот бренд Nino Cerruti. Се појави и на насловната страница на Avenuel, познат јужнокорејски моден магазин.
-Сето она малку слободно време што го има додека е во својата земја мислев дека ќе го посвети на одмарање и дружба со блиските, но повторно ме изненади кога ја гледам како се посвети на тренинзите и фокусираноста кон работатa. Навистина ѝ се восхитувам на професионалноста и одговорноста, токму затоа ја бараат од сите страни на светот – вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција „Моделс ИН“.
Во последните нејзини проекти се кампањите за Sephora, Kappa, брендот за накит Belpearl, Chaume, за парискатака стоковна куќа Galeries Lafayette, и едиторијал за модниот магазин ELLE Kazakhstan во прекрасните раскошни креации од висока мода на Зухаир Мурад и Ели Саб. Сними и фотосесии за списанијата Heren, Galleria Magazine, Schon, Elle Mariage Japan , како и во домашниот магазин „Портрет.
-Елена Реи деновиве оди за Виена, а после тоа лета на друг крај на светот, ние сепак остануваме тука, помеѓу другото да се радуваме на нејзините нови постигнувања и успеси – изјави Алек.
•SEPHORA #Repost @madeinsephora with @repostapp ・・・ They say beauty is in the eye of the beholder No doubt it is #madeinsephora #colorfulduo #eyemakeup #makeupjunkie A post shared by Elena Rei (@elena__rei) on
@galerieslafayette ⚡️⚡️⚡️ A post shared by Elena Rei (@elena__rei) on
HEREN MAGAZINE, AUGUST 2017 A post shared by Elena Rei (@elena__rei) on
Galleria Magazine, July 2017 ( @galleriadept ) A post shared by Elena Rei (@elena__rei) on
A post shared by Elena Rei (@elena__rei) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари