Младата и успешна манекенка Елена Трајановска, која во последно време е позната како Елена Реи, пред една недела замина за Барселона каде сликаше и беше дел од најновата кампања на модниот бренд Massimo Dutti.
-Воедно ова е одлична шанса да работи на тамошниот моден пазар кој во последно време зема сè поголем замав. Додека се наоѓа во Шпанија Елена работи на уште една модна кампања која ќе излезе набрзо. Сепак во наредните месеци ќе мора да биде многу почесто во Париз, заради сезоната која ќе започне во Јуни и веднаш потоа следуваат ревиите за висока мода. Убавината и достигнувањето во манекенството е кога ќе слушнеш со колкав респект агенциите коментираат за професионалноста на моделот, во случајов за нашата Елена Реи – вели Алек Наумовски од „Моделс ИН“.
Нема коментари