Откако се појави во едиторијал во минатиот број на престижниот Harper’s Bazaar во кој Елена Реи беше како кралица на Комо и ги претстави новите венчаници и тоалети на големите дизјнери, сега македонската манекенка со успешна интернационална кариера е заштитно лице на француската фотографка Колин Гаскон и нејзиниот проект Glow Series – Cinemagraphs. „Инаку, синемаграф е фотографија каде постојано се повторува некое движење слично на видеоклип. Со други зборови претставува вид на анимација. Терминот синемаграф пак беше создаден од американските фотографи Кевин Бурк и Џејми Бек кој ја употребуваа оваа техника за нивните модни кампањи фотофрафии. Фантастично искуство за нашата Елена која во моментов работи на кампања за брендот Bvlgari и дома се враќа дури во втората половина на јануари“, известија од нејзината матична агенција „Моделс ИН“ од Скопје.
Повеќе фотографии и синемаграфи на следниот ЛИНК.
Cinemagraph / Elena Rei – Red from William Dagueux Labourier on Vimeo.
Нема коментари