Една од нашите најпознатите манекенки Елена Реи која што со години гради успешна интернационална кариера, од февруари повторно престојува и работи во Азија, и е ангажирана во повеќе фотосесии и кампањи за бројни модни брендови. Успех и што Елена повторно соработуваше со светски познатата дизајнерка Дајен Вон Фурстенберг и се појавува на фотографиите кои може да се видат и на веб страницата на Diane von Furstenberg (DvF). Заштитен знак на Вон Фурстенберг се фустаните на преклоп кои ги воведе во мода во 70-тите години, а препознатлива е и по креациите со впечатливи шари.
-Неодамна се случи Елена повторно да биде ангажирана во новата кампања и модниот каталог на дизајнерката Дајен Вон Фустенбер. Навистина ретко се случува еден модел повторно да работи за светски признаен дизајнер тоа само докажува колку е исклучително професионален моделот за повторно да го ангажираат. На Елена Реи ова не и прв пат, имаше по неколку соработки и со Calvin Kline, како и со престижната Monique Lhuillier. За Вон Фурстенберг доволно е да се спомене дека била на листата на највлијателни жени на „Форбс“, а магазинот „Тајм“ ја рангира како модна икона. Додека пак за нашата Реи е малку што и да се каже, освен дека за повеќе од десет години колку што работи на светската модна сцена, соработуваше со најголемите имиња во модната индустрија како Jimmy Choo, Armani, Valentino, Jill Sander, Donna Karan, Zuhair Murad и многу други – велат пд нејзината матична модна агенција Моделс Ин Менаџмент.
Нема коментари