Македонската манекенка со интернационална кариера Елена Реи во моментов се наоѓа во Кина, а неодамна при работен престој во Сеул, Јужна Кореја, сними фотосесија за Shinsegae Magazine и промотивни фотографии за Chopard. -Нашиот најуспешен топ модел Елена Реи во моментов е во Кина, поточно во градот Гуангжоу каде има фотографирање за нова кампања. Но, само пред две недели беше во Сеул каде фотографираше и снимаше за престижниот Shinsegae Magazine. Токму за овој едиторијал Елена носеше комплетни стајлинзи на Lee Yoonkyung, трендовски комбинации на врвните брендови како Ботега Венета, Фенди и Валентино. Нејзиниот престој во Сеул ѝ донесе и голема модна кампања за раскошниот накит на Chopard . После долгата пауза заради Ковид-пандемијата, Реи сега повторно ги освојува светските модни центри – изјавија од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.
View this post on Instagram
Елена Реи имаше и ангажман за познатиот бренд за раскошен накит Chopard
View this post on Instagram
Нема коментари