Во последно време динамиката на живеење, спортската активност и здравиот начин на исхрана се пресудни фактори за секој млад човек. Преку зголемување на свесноста се подразбира и големата грижа за себе, па токму затоа органската козметика е исклучително важна. Неодамна се случи одличната соработка на брендот за органска козметика „Органик“ со нашите интернационални и докажани топ модели Елена Реи и Павле Николовски од модната агенција Моделс ИН од Скопје. Реи веќе беше и претходно лице за светскиот бренд Sephora, додека пак Николовски е првиот машки модел кој стана заштитно лице на козметичка линија на „Оганик“. Двајцата беа избрани заради нивниот здрав начин на живот, дури потоа заради нивната убавина. Органската козметика ги освојува светските пазари, а и кај нас се зголемува интересот за ваквата козметика. Негата и грижата за себе е есенцијална потреба за секој од нас да се чуствува одлично.
„Органик“/ Модели: Елена Реи и Павле Николовски (Моделс ИН)/ Фотографија: Рилинд Хоџа/ Шминка: Елена Пиштолова/ Фризура: Драгана Јосифовска
Нема коментари