Егзотиката на Бразил и традиционалните шари од Шкотска, успешно се споени и стилизирани во новата модна приказна излезена од ателјето на мајсторот на безвременскиот крој, Никола Ефтимов. Колекцијата за есен-зима 2013/14 наречена „Децата на Венера“ со поднаслов Os filhos de Vеnus (Тhe story of dеgagе) донесе храбра слика за модното себеоткривање. Над повеќеслојните материјали, бои и стилови се издигнува индивидуалноста. Шарените фустани, асиметричните здолништа, палтата и панталоните со разни кроеви, многуте додатоци, јаките бои и каро-шари не ги натрупаа и заробија моделите, напротив, им дадоа слобода за модно изразување.
Динамиката на колекцијата одлично ја долови манекенката Елена Гугоска од агенцијата „Подиум“ во едиторијалот и видеото направени од талентираниот фотограф Виктор Наумовски, а стајлингот е на Лидија Минчев.
Нема коментари