Школувана во Скопје, Лондон и Њујорк, со работно искуство на модната недела во Лос Анџелес и во магазинот Nylon, македонската дизајнерка Елена Додевска во моментов престојува и работи на шпанскиот остров Ибица, познат по убавите плажи, бохо животниот стил и големите журки. Таа за мошне кратко време успеа да се наметне и на тамошната модна сцена и од неодамна токму на Ибица ја продава својата колекција BEACH THERAPY. Ја контактиравме Елена на Ибица и таа ни откри дека по истекот на нејзиниот договор со битолската компанија „Саитис“, каде што работеше како дизајнер за Pepe Jeans, одлучи да си дозволи подолга пауза и да ги наполни батериите токму на Ибица. Таа ни раскажа за новата колекција наменета за плажа, пласирањето на неколку места како бутикот Heaven, а секако и за животот на Ибица, модата од улиците, а за целото доживување и успехот на Елена зборуваат и фотографиите што ни ги испрати од познатите места Cotton Beach Club, ресторанот на на Кавали, како и за лаунџ-барот Patchwork за кој веќе пишувавме.
Актуелно е што на Ибица може да се најдат твои креации, за што поточно станува збор, за каква колекција и каде се продава?
-Колекцијата се роди сосема спонтано. На две недели пред да заминам, седнав направив кратко истажувње на пазарот, тамошниот стил и што е она што би им се залепило на око на потрошувачите таму. Колекцијата е наречена BEACH THERAPY што и самото име кажува, се работи за beach wear парчиња: кафтани, фустани, марами, летни широки кошули, маички… Целата колекција е изработена од 100% природни матерјали и многу внимавав на тоа парчињата да бидат пријатни на тело и додека ги носиш. Се инспирирав од тамошниот стил, на Ибица има многу големо хипи влијание во поглед на облекувањето. Така што целиот тој колорит го земав како појдовна точка, но во поглед на колекцијата се обидов да го рафинирам така што секое парче да биде перфектно носливо и поедноставено. Дел од колекцијата се состои од рачно боени парчиња во разни техники доработени со вез, декорација од монистри и чипка. Додека другиот дел од колекцијата се целосно бели парчиња доработени и декорирани со чипка и меш, што исто така е одсликување на белиот урбан пејсаж на Ибица. Оваа сезона колекијата е достапна во Cotton Beach Club на Cala Tarida во нивниот Cotton Lifestyle Store и во бутикот HEAVEN лоциран во елитниот дел на Ибица -Marina Botafoch.
Како успеа да оствариш контакт со тамошните бутици?
-На Ибица посебно а и во модната индустрија воопшто има една изрека што секој ќе ви ја каже “It’s not what you know, but WHO you know”. Така што со помош на еден драг пријател кој веќе подолго времеживее и работи на Ибица успеав да стапам во контакт соглавниот buyer од Islanders Ibiza кои се задолжени за бутикот во Cotton Beach Club и со многу стискање палци колекцијата им се допадна и веднаш ја изложија. За што без број пати му благодарам на Далибор Дадофф.
Што најмногу те фасцинира на Ибица? Како се вклопи во ритамот и атмосферата на островот?
-Воодушевена сум од релаксираниот животен стил на луѓето таму, од позитивната енергија што ја има во изобилие.
Какви модни стилови можеш да забелешиш таму?
-Ибица е еклектичен микс од стилови во поглед на облекувањето. Но, главно бохо-хипи стилот е најзастапен. Бидејќи се работи за туристичко место, стилот многу варира во зависност од тоа, од кој дел на светот доаѓаат туристите, но и во кој дел од островот се наоѓате. Така што Сан Антнио е преплавен со треш Англичани, додека другиот дел од островот и главниот град Еивиса даваат конкретна слика за модниот стилл на Ибица и за тоа кој го посетува овој остров. Тука во моментов може и да ја сретнете Оливија Палермо како летува на јахтатата на главниот менаџер на модната куќа „Валентино“, Џанкарло Џиамети.
Ибица е остров познат по журки, успеа ли да фатиш нешто интересно?
-По природа не сум party animal,но клубовите на Ибица се задолжителни за секој кој го посетува овој остров. Тука се најпознатите денски журки во Ushuaya и Hard Rock Hotel, како и легендарните ноќни клубови Space, Pacha, Amnesia, Privilege, каде што Карл Кокс, Хардвел, Соломун и Дејвид Гета се резидент и настапуваат по еднаш неделно. Според она што успеав да го видам и искусам најубаво си поминав во Café Del Mar на зајдисонце, чувството е, соеден збор: волшебно!
Нема коментари