Доколку мислите дека вашиот стан ќе изгледа мрачно ако ѕидовите ги обоите темносива боја, може да се разубедите во спротивното откако ќе го разгледате ова двокатно поткровје кое е спој на елеганција и декор разигран со шарени килими, уметнички слики и необични детали. Дуплексот од 120 квадратни метри е доста светол. Организиран е во долниот дел со отворен простор кој функционира како дневна соба, кујна и мала трпезарија, потоа тука се две спални соби и главното купатило, додека по скалите, на второто ниво е простор за дружење, има работен дел, како и голема тераса која во летните денови овозможува уживање на отворено.
Нема коментари