Манекенката Ел Мекфесон деновиве летува во Италија и покрај серијата на костими за капење во кои беше фотографирана на својата јахта, се појави во комбинација совршена за летни прошетки низ некои од европските градови – бел фустан, шапка, влечки во етно стил и голема сламена торба украсена со детали во интензивни бои. Оваа комбинација е летен евегрин и во нешто виодоизменета форма, разни бели фустани или туники, шапки и сандали, е идеална за на плажа, прошетка во родниот град или за патување на некоја нова дестинација.
Нема коментари