Австралиската супермоделка Ел Мекферсон (51), во модната индустрија позната како „Тело“ поради својата амазонска фигура, во разговор со магазинот You на Daily Mail откри дека пред две години доживеала вистниски стрес додека ги чекала резултатите од биопсија и дека таа случка потпотлно ѝ го сменила животниот стил. „Мислев дека имам рак“, објаснува Ел како напипала мал чвор на дојката и поради работните обврски и снимањето на емисијата Next Top Model, не можела веднаш да реагира, а по лекаркиот преглед морала четири седмици да ги чека резултатите од направената биопсија. „Четири недели поминаа додека не ги добив резултатите, беше тоа долг стресен период на исчекување. За среќа се работеше за фиброаденом, бенигна промена на дојката, но морав да се преиспитам, да проверам дали сум користела погрешни витамини и минерали, дали сум се хранела погрешно и дали сум била од голем стрес“, вели Мекферсон.
Стравувањето од болеста и чекањето на резултатите биле големо предупредување за манекенката. Мекферсон исто така признава дека со години спиела само по три-четири часа дневно, мислејќи дека така е повеќе продуктивна, без да сфати дека ја троши енергијата и му штети на здравјето, бидејќи не спие доволно. Со години денот го понувала со шолја еспресо, се случувало да прескокне оброк, вежбала многу, но со текот на годините телото не реагара исто како во нашите 20-ти години. Иако вежбала и се хранела на начин што го применувала со години, телото не реагирало позитивно на старите методи, се јавиле проблеми со варењето, чувствувала замор, болки во зглобовите и губење на тонусот на мускулите.
Време било за промена. По разговор со нутриционистот д-р Сајмон Лубчер, Ел разбрала дека со големата употреба на млечни производи, црвеното месо и со малку сон се зголемува киселоста на нејзиниот организам и доаѓа до состојба на ацидоза. Лубчер почнува да подготвува специјална супа за Ел, мешавина на јачме, пченица и спирулина. По промената на исхраната и ритамот на спиење манекенката забележала подобрување на организамот и одлучила да лансира линија на суплементи креирани со помош на докторот Лубчер. Пред нешто повеќе од една година Ел го почнува бизнисот со WelleCo, брендот создава специјални прашоци и шејкови, а производот Super Elixir е веќе омилен кај Кејт Мос, Кејт Хадсон и Дејзи Лоу.
Super Elixir е комбинација од 45 состојки како витамини, минерали, кинески билки и дигестивни ензими. Мекферсон денес применува алкална диета, спие доволно, денот го почнува со цеден сок, се чувствува многу добро и покрај тоа што продолжува да работи напорно и често патува на релација Мајами- Лондон. Бизнисот со WelleCo е успешен. „Престанавме да ги рекламираме производите на WelleCo и одлучивме приказната да се шири од уста на уста, тоа е една од најмоќните работи што сум ја направила“. Мекферсон и своите синови Флин и Сај ги научи дека треба здраво да се хранат, а и тие уживаат во нејзините препарати.
Ел со години беше успешна и добро платена манекенка, а и денес на возраст од 51 година изгледа одлично. На 25-годишна возраст ја основа рвата сопствена компанија, дизајнира долна облека, има своја козметичка линија, делува и како телевизиски водител, косопственичка е на ресторан, мажена е за богатиот хотелиер Џефри Софер, но сфатила дека најважната работа е здравјето и дека секој од нас треба постојано да се грижи за него и да смени одредени навики за да го задржи.
Нема коментари