Италијанската икона на стилот и уредничка на јапонски Vogue, 53-годишната Ана Дело Русо е неуморна кога е екстравагнацијата во прашање. Иако повеќето колешки и ѕвезди на уличната мода го смирија стилот на облекување, па на последните изданија на модните недели се појавуваат дури и во фармерки и патики, Ана не престанува со колоритните и провокативни комбинации кои се микс на принтови и дизајнерски парчиња. Еве како изгледаше Ана деновиве…
Нема коментари