Минимализам и прочистени форми се главните карактеристики на накитот со потпис на Calvin Klein, а слична стилистичка линија ја следи и колекцијата на часовници, модни парчиња кои во Македонија се достапни благодарение на „Божиновски часовници и накит“.
Компанијата „Божиновски“ одлучи да ги презентира накитот и часовниците на Calvin Klein на ексклузивен настан во концептуалната продавница на дизајнерскиот центар „Јавна соба“ (Public Room), во минималистичкиот уреден простор разигран само со необично светло, што кореспондира со минимализмот од колекциите и новиот тренд на јаки бои во часовнциите.
На настанот организиран за селектирани претставници на медиумите можевме од блиску да ги видиме колецијата што во моментов се продава во продавниците на „Божиноски“, а за првпат и новата колекција што ќе биде достапна од септември.
-Новата кампања на Calvin Klein нѐ повикува сите да го славиме животот сега. Бидејќи минатотото е во нашите сеќавања, иднината е во нашите планови, само сегашноста е реална. Животот е сега. Споделете ја вашата минута! – изјави Ана Божиновска, менаџер за бренд на компанијата „Божиновски“.
Најголема инспирација за колекциите се модернизмот, чистите линии и неоминимализмот. Преку својот накит и часовници, Calvin Klein нѐ носи кон природните и основни форми кои го носат исконскиот дух на брендот. Од „Божиновски“ истакнаа дека Calvin Klein не заостануваат зад трендот на лого-манијата и како must-have ја посочија колекцијата Calvin Klein Color – спој на минималистички дизајн, големо лого и неонски бои. Совршен избор за летната сезона.
Calvin Klein е еден од ретките амбасадори на швајцарските часовници во светот на модата. Со спојувањето на талентите од Calvin Klein и Swatch Групација во 1997 година, се создаде часовникот-накит кој дефинираше нов сегмент во индустријата. Чистите минималистички линии и софистицираните дизајни ги прават Calvin Klein часовниците и накитот незаборавни, уникатни и впечатливи.
Нема коментари