Балиња од слама наместо ѕидови е вистински концепт за парфимерија што продава природна козметика. Архитектите што ја добиле задачата да го уредат овој мал козметички бутик сместен во стариот Еврејски кварт во полскиот град Краков, тргнале токму од идејата дека еколошки козметички производи идеално е да се продаваат во средина направена од еколошки материјали.
Новиот ентериер со силен еколошки фокус е изграден по релативно ниска цена. Околу стотина сламени блокови, кои чинат околу едно евро, употребени се да формираат два соседни ѕида, со тоа што се оставени десетина празнини како полици во кои се сместени козметичките производи. За да се заштити просторот од пожар, користениот материјал е третиран со посебна течност која вообичаено се користи за театарски завеси.
Нема коментари