Првите креации направени од рециклирани материјали, шведскиот high street бренд H&M ги промовита со едиторијал во шпанското издание на Vogue. Компанијата минатат година најави дека планира да создаде еколошка мини-колекција, направена целосно од рециклирана облека. Првиот дел од колекцијата содржи џинс-јакна, шорцеви, фармерки и елеци. Материјалот од кои се направени новите креации е собран од неискористена облека од целиот свет. Парчињата ги следат новите трендови и се со принтови, реси и златни везови.
Нема коментари