Трендот на грижа за животната средина зема замав секоја година, тоа секако се одразува и на модната индустрија која е еден од најголемите загадувачи на планетава. Последниве години во модата се појавија бројни иницијативи за одржлива мода и еколошки процеси на производство на облека, една тенденција е комплетното отстранување на природното крзно од модните колекции, на која од сезона во сезона се вклучуваат големите луксузни брендови.
Оваа тенденција на стоп за природното крзно се преслика во колекциите на „хајстрит“ брендовите кои прозведуваат модели од вештачко крзно, но и на уличната мода каде што забележуваме дека модните ѕвезди носат еко-крзнени креации. За да се стоплат тие избраа предимензионирани бунди и јакни во стилот на „теди“ (налик на кадифени мечиња).
Доминираат еко-бунди во неутрални тонови како бела, беж, карамела-кафена и црна, но и смели модели во јаки бои меѓу кои интензивно зелената која е тренд. Се носат врз фустани и молив-здолништа, фармерки и џемпери, мини фустани и кожени панталони, всушност со вашите омилени комбинации, а стајлингот е финиширан со груби чизми, елегантни чизми со блок-потпетици, понекогаш и со патики.
Палтата од вештачко крзно не се само модерен антипод на природните опции, туку и начин да се придружите на свесната потрошувачка. Со вашиот избор на вештачко крзно се приклучувате кон модно освестените групи и поединци кои се стремат за етички и похуман пристап во модата.
Нема коментари