Познатата француска луксузна слаткарница Fauchon во соработка со модниот бренд „Живанши“ креира и произведе розови еклери инспирирани од парфемот Very Irresistible. Еклерите се направени на база на лесен крем со арома на тахитска ванила, со додаток на вода од роза и со бело чоколадо на горната страна. Луксузните еклери со лого на „Живанши“ и Fauchon може да се купат само во Париз по цена од 8 долари по парче или 31 долар за пакување од четири слатки.
Нема коментари