Откако ја претстави кампањата со Керолин Марфи за следната есен, брендот Max Mara направи уште една промотивна фотосесија, овој пат со холивудската актерка Ејми Адамс. Црвенокосата ѕвезда на „Американски измамници“, „Нејзе“, „Борецот“, „Човекот од челик“, „Џули и Џулија“ и други, позира со носечките модели на чанти на брендот за престојната сезона. Моделите се во крем и во кафена боја и се со едноставна и елегантна форма, практички за бизнис-дамите.
Нема коментари