Австралискиот бренд за женска облека Sass & Bide направи нетипична фотосесија, со дигиталнo искуство од 360 степени. Фотографиите ги сними Тери Гејтс од Defacto Inc. Масовните кадри на Freetown, на кои повеќе пати се појавува една иста манекенка придружувана од гимнастичарка, девојче и машки модели, се налик на сцена од циркус. Станува збор за бразилскиот модел Ејлин Вебер, која ги носи моделите од линијата пролет-лето 2014, комбинирани со додатоци типични за карневал или циркус, чапки со пердуви, круни, мали метални шлемови…
Нема коментари