Секогаш силно очекуван настан, ревијата на „Луј Витон„ за есен-зима 2014/15 на Париската модна недела за мажи донесе премиси од традиционалниот стил кој куќата го задржа додека прикажува прогресивно движење далеку во дигиталниот свет. Оваа година есенската колекцијата демонстрираше јасна насока која ја содржи идејата за патување во денешниот дигитален свет.
Главна палета на бои се земјените тонови позајмени од дигиталните фотографии од пустината Атакама и Мачу Пикчу (дополнително зајакната со рачно сликаните налик на топогрфските фотографии на пустината Атакама). Егзотичните животински крзна се провлекуваат низ колекцијата, од алпака до викуна, а прекрасните кашмирни костуми се комбинирани со заштитните кожи на куќата.
Облеката ја прикажува потребата за светлина, удобност за време на патувањето додека прикажува елегантни линии. Ова е засилено со костуми од ткаенини како волна и мохер. Темно синото поставува нова насока на префинетата луксузност на парчињата. Ова е уште една беспрекорна колекција од Ким Џонс, дизајнерот на мапките модели во куќата „Луј Витон“, многу посекси од минатите сезони, уште повеќе со Бразилецот Лукас Кристино во кастингот и највпечатливиот саунтрак на сезоната благодарение на Хони Дижон.
Нема коментари