По лондонската свадба на популарната британска наследничка и ит-девојка Попи Делевињ со Џејмс Кук, која што се случи на 16 мај и имаше поформален стил, двојката одлучи да организира втора свадбена веселба, овојпат во ексклузивниот хотел La Mamounia во Маракеш. Ако на првата свадба невестата носеше постара креација од колекција на висока мода на „Шанел“, сега во согласност со боемскиот стил на веселбата во Мароко, облече порелаксиран бохо-фустан, специјално направен за неа од страна на Питер Дандас, креативен директор на брендот „Пучи“. Тој креираше хипи фустан со широки ракави и украсен со пастелни цветови, а се погрижи и за белиот костим на Кара Делевињ, сестрата на Попи. На веселбата се појавија голем број познати личности, како Алекса Чанг, Сиена Милер, Џорџија Меј Џегер, принцезата Беатрис, Суки Вотерхаус, а атмосферата најдобро ја илустрираат фотографиите од социјалните мрежи и особено Инстаграм-профилот на Дандас.
Нема коментари