Карл Лагерфелд прикажа египетска златна колекција на „Шанел“ пред столбовите на храмот Дендур, еден од артефактите во њујоршкиот музеј Метрополитен. Во предесенската колекција, односно во „Шанел“ речникот Métiers d’Art, Лагерфелд зе сконцентрира на референци од Стар Египет и раскошот од неговото златно доба, креирајќи со многу златни ткаенини и додатоци, во спој со твид и џинс, впечатлив накит и етно орнаменти, како и шминка која потсетува на фараоните. На пистата се појави и Фарел Вилијамс, облечен во златна комбинација и со египетска шминка поради што изгледаше како модерен фараон.
View this post on InstagramThe new golden standard by @chanelofficial ⚱️ #CHANELinNYC #CHANELMetiersdArt
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари