Без голема помпа, спонтано и со шарм, на улиците на есенските изданија на модните недели во Копенгхаген, Лондон, Стокхолм, Милано, Њујорк се вратија џемперите, како трендовско модно парче. Модните блогерки и трендсетерките му дадоа нова, поелегантна нишка на стајлингот со овие масивни плетени креации. Покажаа дека со џемперите може да се направи модерна и отмена комбинација и дека и во повеќеслојни варијанти, може да бидат женствени. Сезонава најмногу се носат плетените ролки со волумен, еднобојни туники врз плисе миди или долги здолништа, спортска кежуал варијанта со долга кошула или здолниште од тул, како и припиени плетени блузи со ретро миди здолнипта, за пороментичен изглед. Ви претставуваме неколку идеи за комбинација на џемперите оваа зима.
Нема коментари