Прозрачен и уреден со многу шарени, но ненападни детали, во овој стан од 76 квадратни метри ќе сретнете неколку едноставни дизајнерски решенија кои лесно може да се применат. Во просторот доминира белата боја, на подот во дневната соба, на ѕидовите, на дел од мебелот и на елементите во кујната, но целиот ентериер е разигран со шарени елементи – стариот креденец обоен во тиркизна боја, килимот, украсните перничиња, вазни и чинии.
Нема коментари