Талентираниот македонски фотограф Жарко Чулиќ беше еднинствениот Македонец избран меѓу десетте автори од повеќе држави во во проектот New Wave инициран од Maybelline New York и со својот едиторијал на темa Make up opsession учествуваше на најголемата модна изложба во регионот што се отвори во неделата, на 14 септември, во познатата концептуална продавница „Супермаркет“ во Белград. Овде на Stylist.mk премиерно ви ги откриваме фотографиите со кои Чулиќ се претстави на изложбата и му посакуваме да стигне до главната награда што носи сликање едиторијал за Hugo Boss. Чулиќ пред неколку месеци се пријави на конкурсот и од 162 пријавени влезе во крајната селекција од 10 фотографи на кои им беше дадена задача да сработат моден едиторијал на одредена тема.
-Да, точно е дека беа пријавени многу фотографи од целиот Балкан, надежта и верувањето дека токму мене ќе ме изберат беше многу мала. Конкурсот беше направен уште на почетокот на јули. Бев единствениот Македонец кој беше избран да учествува и сум пресреќен поради тоа. За мене ова е само уште еден настан кој ми дава поттик и елан да продолжам да работам и творам. Стекнав уште едно големо искуство и многу нови контакти – ни изјави Жарко.
Во проектот New Waveby Meybelline New York се пријавиле фотографи од регионот, а креативниот тим и менторот на проектот, познатиот српски моден фотограф Миша Обрадовиќ, избра 10 фотографи од Србија и од Хрватска, а Чулуќ е единствениот Македонец. Нивните едиторијали се поставени во „Супермаркет“ на изложба.
-И мојот едиторијал беше дел од таа изложба на која јас поради одредени лични причини, за жал, не отидов. Организаторите ми пренесоа дел од атмосферата преку фотографии и можам да кажам дека посетеноста била огромна и организацијата била на високо ниво. Среќен сум што бев дел од овој проект и благодарен сум на целиот тим кој беспрекорно го водеше проектот – вели фотографот.
Избраните фотографи добија задача да одговорат на зададена тема на едиторијалот инспирирана од музиката, шминката, филмот и разните животни стилови.
-Секој фотограф имаше своја тема која беше различна од останатите. Мојата тема за едиторијалот беше „make up obsession“. Работев со еден модел, снимањето беше во просториите на преубавиот хотел „Метропол“ во Белград. Ја имав честа да соработувам со одличен тим, со младата Исидора како модел и познатиот шминкер Александар Џикиќ.
По завршувањето на изложбата, фотографиите ке бидат изложени неколку месеци на рекламни паноа во јавниот градски превоз низ Белград и секој фотограф ќе добие билборд во времетраење од еден месец во центарот на градот со сопствениот едиторијал. Исто така, фотографиите ќе бидат дел од новиот број на списанието Joy, а најдобриот, како награда, ќе сними едиторијал за Hugo Boss во Белград.(K.T.)
Нема коментари