Познатата модна блогерка Јована Зука фотографира едиторијал со креации од колекцијата The Great Beauty на дизајнерката Јована Филиповиќ. Моделите од линијата за есен-зима 2016/17 ги носи манекенката Симона Ангеловска од агенцијата „Подиум“, а за шминката се погрижи Дарко Мишовски. Фотосесијата деновиве беше објавена на блогот на Јована Зука AfterTwoFive, а ја пренесуваме во целост и на нашиот сајт.
Колекцијата „Големата убавина“ (The Great Beauty) премиерно беше претставена на отворањето на 14-тото издание на Моден викенд-Скопје во „Мериот Хотел“. Парчиња од истата можеа да се погледнат и во концептуалната продавница Wonderlust. Клучните модели од линијата се најдоа и на насловните страници на нашите модни месечници и неделници.
Нема коментари