Под наслов Wanderlust, еден од најпопуларните шпански брендови за секојдневна мода, Stradivarius, ја лансира новата кампања за пролет-лето 2017. „Страдивариус“ првпат во една кампања ги спојува своите машки и женски линии. И кај давата пола доминираат комбинациите со џинс.
Кај дамите покрај фармерките има и тексас здолншта, корсети, килотки и кошули. Застапени се кошули и блузи со карнери и ракави со волумен, панталони со висок струк и преклоп. Во фокусот се металик креациите, со златен и сребрен сјај како здолништа, јакна и чизми до глужд. Покрај овие трендови присутен е и трендот на врзување со врвци, во случајов кошула и јакна со големи врвци од страна. Едно од највпечатловите парчиња се војничката темносина јакна со копчиња, кожената јакна со реси и жолтото капутче. Доминираат белата, сината, светлокафената, златната и сребрената боја.
Кај мажите креациите се покласични и кежуал. Има избор од панталони, фармерки, џинс кошула, џемпери и јакни, во светлосина, кафена, црна и крем боја. Линијата е разиграна со кошули со тропски принт.
И за двата пола има трендовски модни додатоци, кај жените, покрај сребрените обувки отскокнува црвената чанта со птици, а кај мажите очилата и различните ранци.
Нема коментари