Под идејата дека сè се сведува на уникатност познатиот фотограф Паоло Роверси сними моден едиторијал со креации од висока мода од колекциите за есен 2014. Фотосесијата стилизирана од Роби Спенсер во која се појавуваат повеќе манекенки е дел од редовниот специјален додаток Alta Moda во септемврискиот број на италијански Vogue. Среќаваме модели од „Армани“, „Валентино“, “Диор“, „Скјапарели“,„Шанел“, „Версаче“ и други престижни модни куќи кои изработуваат висока мода.
Нема коментари