Тања Кокев ја претстави новата колекција на венчаници која ја следи идејата на дизајнерката дека свадбениот фустан треба да создаден од квалитетни такенини, со истакнат романтицизам и со детали од тантела и вез. Следејќи ги барањата на своите клиенти, Кокев предлага повеќе верзии и кроеви на свадбени фустани. Еден дел од венчалните фустани имаат кринолинесто здолниште, потоа креирани се и модели со форма на сирена, но има и поедноставни и рамни кореви за оние што не ореферираат премногу драматичен изглед. Повеќето креации имаат корсетиран горен дел, асиметрични решенија, а посебно внимание е дадено на деталите и апликациите. Доминираат цветови во вид на апликација, вез или дезен на ткаенина, како и раскошниот вез од бисери и светкави камчиња. Новата фотосесија ја потпишува фотографското дуо Ани и Дими, позираат манекенките Ана Станојковска и Фаниа Гиачо, а шминката и фризурата се на Зоран Шурбевски.
Kokev Wedding Dresses 2015
Фото: Ани и Дими
Модели: Ана Станојковска и Фаниа Гиачо
Шминка и фризура: Зоран Шурбевски
Нема коментари